Фолксваген предвидува раст на вкупната продажба на автомобили во Кина од пет проценти во 2023 година

67

Се проценува дека вкупната продажба на патнички возила во Кина ќе порасне за пет отсто во 2023 година, изјави претседателот на Фолксваген, Ралф Брандштатер за кинеските медиуми.

Новите енергетски возила, кои вклучуваат чисти електрични и plug-in хибриди, би можеле да сочинуваат една третина од вкупната продажба на патнички возила во Кина во 2023 година, додаде тој.

Кинеската асоцијација на производители на автомобили процени дека вкупната продажба на автомобили во земјата ќе порасне за три проценти оваа година, додека Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA) предвидува дека продажбата на автомобили ќе биде рамна или малку повисока од минатата година.