Фолксваген размислува да ја продаде својата фабрика во Русија

123

Германски Фолксваген сака да ја продаде својата фабрика за склопување автомобили во рускиот град Калуга, а потенцијален купувач може да биде казахстанската Азија Ауто, лоцирана во источниот град Оскемен, бидејќи има лиценца за производство на автомобили Фолксваген и Шкода, пренесува рускиот весник Ведемости.

Во извештајот, кој се повикува на неименуван извор запознаен со намерите на компанијата, се наведува дека Фолксваген ќе ги финализира плановите за фабриката во Калуга до крајот на годината, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Фолксваген, Николај Лауд, изјави за Ројтерс дека компанијата „го следи тековниот развој“.

„Разгледуваме различни идни сценарија. Сепак, се уште не е донесена одлука“, изјави Лауде.

Во март, Фолксваген објави дека производството во погоните во Калуга и Нижни Новгород ќе биде суспендирано до натамошно известување поради санкциите на Западот наметнати на Москва по инвазијата на Украина и дека извозот на возила во Русија веднаш ќе биде прекинат.