Фолксваген соопшти за пад на приходите и профитот во третиот квартал

26

Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти за пад на приходите и профитот во третиот квартал поради падот на производството и продажбата поради глобалниот недостиг на чипови.

Профитот на VW пред оданочување во третиот квартал падна за 14,6 отсто во однос на истиот период минатата година на 3,08 милијарди евра, се вели во деловниот извештај. Оперативната добивка пред посебните ставки изнесуваше 2,8 милијарди евра, што е за 12 отсто помалку во однос на истиот период лани. Добивката по оданочување се зголеми за 5,6 отсто на 2,9 милијарди евра, објави компанијата.

Приходите од продажба паднаа за 4,1 отсто на 56,93 милијарди евра, погодени од проблемите во глобалните синџири за снабдување со полупроводници, клучни компоненти во автомобилската индустрија.