Фолксваген вградува гласовна вештачка интелигенција во автомобили за кинескиот пазар

Автомобилскиот гигант „Фолксваген“ објави дека ќе вклучи гласовни команди со вештачка интелигенција во своите автомобили за кинескиот пазар.

Германската компанија објави дека почнувајќи од втората половина од оваа година, сите возила базирани на системот на „Фолксваген“ за кинески автомобили ќе имаат агенти со вештачка интелигенција (ВИ), објави CNBC.

Споменатите агенти им овозможуваат на луѓето да ги контролираат функциите на автомобилот со гласовни команди.