
„Фолксваген“ (VW) и неговиот кинески партнер SAIC го прекинаа производството во заедничката фабрика во Кина поради намалената побарувачка за автомобили со мотори со внатрешно согорување.
„Фолксваген“ исто така го наведе забрзувањето на транзицијата кон производство на електрични возила и оптимизацијата на производствената мрежа како причини за овој потег, објави агенцијата „Мина“.
„Фолксваген Групацијата и нејзините партнери ја забрзуваат трансформацијата кон производство на електрични и паметни возила. Многу локации на партнерите на SAIC во моментов се пренаменуваат или веќе се пренаменети кон производство на електрични возила“, објасни фабриката.











