FollowGrams – иновативен проектор што им помага на деца да цртаат и пишуваат

84

followgrams

FollowGrams е иновативен проектор што им помага на децата да учат да цртаат, како и да пишуваат бројки и букви.

За да може проекторот да функционира, неопходна е апликација којашто преку Bluetooth се поврзува со било каков мобилен уред. Преку апликацијата, децата може да направат било каква фотографија и потоа истата, со помош на FollowGrams, да ја нацртаат.

Проекторот е едноставен за користење, потребно е да се вклучи LED светлото и да се постави празен лист на којшто детето ќе го црта или пишува она што го сака.

Зад овој уред стои американската компанија Flycatcher, којашто на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, бара поддршка од 20.000 долари.

ФОТО: Facebook