Фон дер Лајен предупреди на последиците од неконтролираната употреба на вештачката интелигенција

52

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четвртокот предупреди на последиците од неконтролираната употреба на вештачка интелигенција (АИ) за „вработување и отпуштање“ на работници.

Говорејќи на 15-тиот конгрес на Европската конфедерација на синдикати, Фон дер Лајен ги претставуваше плановите на ЕУ за регулирање на системите за вештачка интелигенција.

Фон дер Лајен подвлече дека Европската комисија го следи развојот на настаните и може да преземе дополнителни чекори во регулирањето на употребата на алгоритми во управувањето со човечките ресурси.