Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс го менува името

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс доби ново име, бидејќи организацијата со седиште во Сиетл влегува во својата 25-та година.

Во соопштението објавено во петокот, лидерите објавија дека новото име на непрофитната организација ќе биде „Фондацијата Гејтс“.

„Во знак на признание за наследството и придонесите на Бил Гејтс, Бил Гејтс Сениор и Мелинда Френч Гејтс, фондацијата објавува ново име – Фондацијата Гејтс.

Мелинда Френч Гејтс поднесе оставка од фондацијата во 2021 година, по нејзиниот развод со Бил.

Покрај промената на името, Фондацијата ќе добие и ново лого. Познатите иницијали на организацијата вредна повеќе милијарди долари сега се жолти на темно сива позадина.

„Исто така, воведуваме ново лого што ја отсликува нашата непоколеблива посветеност за поддршка на партнерите, заедниците и програмите кои работат на поттикнување напредок и подобрување на животот низ целиот свет.

Четврт век подоцна, нивниот годишен буџет изнесува 8,74 милијарди долари. Овие пари се дистрибуираат ширум светот за филантропски потфати.