Фондацијата Гејтс вети 7 милијарди долари хуманитарна помош за Африка

15

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс во четвртокот објави дека ќе донира 7 милијарди долари за Африка во следните четири години, а Бил Гејтс предупреди дека кризата во Украина го намалува износот на помошта за континентот.
Донацијата на Фондацијата, која е за 40 отсто поголема од сумата потрошена во претходните четири години, е наменета за проекти за борба против гладот, болестите, сиромаштијата и родовата нееднаквост.

Најголем дел од парите одат во Нигерија, најнаселената африканска земја.

Хуманитарните групи во Африка се соочуваат со пренасочување на финансирањето кон Украина, каде што руската инвазија предизвика глобални раст на цените на стоките, што исто така ги загрозува хуманитарните активности.

„Европските буџети беа длабоко погодени од украинската војна и затоа сега трендот за (хуманитарна) помош нема да се зголеми“, изјави милијардерот и ко-основач на Мајкрософт за новинарите на Универзитетот во Најроби при посетата на Кенија.

Кенија и поголемиот дел од Источна Африка се соочуваат со најтешката суша во последните четири децении.

Сушата, придружена со конфликти и пандемијата „Ковид-19“, донесе повеќе од 10 милиони луѓе во тој регион „на самиот раб на криза со храна“, соопшти оваа недела христијанската хуманитарна група World Vision од Соединетите Американски Држави.

Обединетите нации објавија дека очекуваат недостиг на храна во некои делови на Сомалија оваа година.

Гејтс во средата по состанокот со кенискиот претседател Вилијам Руто рече дека Фондацијата ќе формира провинциска канцеларија во Најроби.

„Нашата фондација ќе продолжи да поддржува решенија во здравството, земјоделството и другите критични области и системите што ќе ги донесат од лабораторијата до луѓето на кои им се потребни“, рече Гејтс, кој ја води фондацијата со неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс.