Фондацијата УАКС ќе стипендира ученици од средните училишта

40

image002

Согласно програмата на Фондацијата УАКС за стипендирање на ученици, за учебната 2016/2017 г. ќе бидат доделени 12 стипендии.

Конкурсот за стипендии е отворен од 1.4.2016 до 1.6.2016 и ќе прифаќа апликации од средношколци кои завршуваат со средно образование во 2016 година.

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои завршиле четврта година во јавните или приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни ученици;
  2. Да имаат положено државна матура.

Доказ за успех од полагањата за државна или училишна матура (се доставуваат по завршување на полагањата за матура).

Ќе се доделат стипендии на секој од наведените факултети и тоа:

Факултет за деловна економија и организациони науки

  • 1 целосна стипендија
  • 1 целосна стипендија за насоката сметководство и ревизија (стипендијата за насока сметководство и ревизија ќе се додели после добивање на решение за работа од страна на МОН)
  • 2 делумни стипендии во висина од 50% од школарината

Факултет за архитектура и дизајн

  • 1 целосна стипендија
  • 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Факултет за правни науки

  • 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Факултет за компјутерска техника и информатика

  • 2  делумни стипендии во висина од 50% од школарината

Факултет за политички науки

  • 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината
  • 1 делумна стипендија за насоката психологија во висина од 50% од школарината

Факултет за странски јазици

  • 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Контакт

Е-маил: smokvarski@uacs.edu.mk или uacs.foundation@uacs.edu.mk

Телефон: +3892 463-156

Мобилен: +38978 455-120

Адреса: бул. Трета македонска бригада бр.60, 1000 Скопје, Република Македонија