Фонтаната ди Треви повторно отворена – Бројот на посетители е ограничен, а во иднина можна наплата на билет

Фонтаната ди Треви во Рим вчера повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување пред јубилејната католичка света година, која се слави на секои 25 години.

Работата на реновирањето на овој споменик од 18 век, кој е една од најпознатите туристички атракции во Рим, траеше три месеци и чинеше 327.000 евра. Тие вклучуваа отстранување на нечистотија, траги од загадување, железни оксиди и варовник. Во тој период фонтаната била испразнета, но посетителите можеа да ја набљудуваат од привремен пешачки мост, пренесе Анса.

Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители истовремено за да се избегне присуството на голем број луѓе.

За време на работите, посетителите фрлаа парички во привремениот базен.

Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.