Fontus –  уред што создава чиста вода додека вози велосипедистот

20

fontus

Иноваторот Кристоф Ретезар стои зад паметниот и креативен начин за хидратација на велосипедистите. Тој го дизајнираше Fontus, уред што ја користи водата од воздухот и им помага на велосипедистите никогаш да не останат без драгоцената течност при возење.

Овој соларен уред претставува ладилник со две комори којшто поттикнува кондензација. Откако воздухот ќе влезе во горната комора, пречките го забавуваат нејзиниот проток, а поради намалената брзина на струење молекулите вода се ослободуваат од воздухот и на тој начин го полнат шишето.

Овој практичен и едноставен додаток може да се постави на било кој велосипед, а неговата задача е да го апсорбира влажниот воздух, одвојувајќи ги молекулите вода од молекулите воздух и да создаде вода за пиење.

Fontus се напојува со ќелии за соларна енергија и може да собере половина литар вода за еден час, под соодветни климатски услови.

Овој изум најпрво е дизајниран за велосипедистите кои поминуваат часови, возејќи низ повлажни предели. Може да се користи и за добивање вода за пиење во региони што се сиромашни со подземни води, но со висока влажност на воздухот.