Foodography: Ресторан дизајнираше чинии за совршени фотографии од оброкот

49

11

Ресторанот и винарија Catit&Carmel во Тел Авив, Израел, на гостите им понуди специјално изработени чинии за да добијат совршени фотографии од храната што ја нарачуваат. Нивниот проект се нарекува Foodography, оброк составен од пет јадења, сервиран во два вида на чинии.

15

Првиот модел чинии се вика Limbo и има посебно место за поставување на мобилниот телефон. Вториот модел е 360, чинија што ротира, така што можат да се снимаат и видеа со сервираната храна.

12

Со овој потег ресторанот доби огромен публицитет, затоа што луѓето ги постираат фотографиите на социјалните мрежи и веќе е препознатлив ширум светот.

14

Посебната понуда за вечера со Foodography искуство чини 155 долари, а веќе постои листа на чекање за јуни месец.