Forbes: Најуспешни странски компании на рускиот пазар

9

Магазинот Forbes ја објави листата на најуспешни странски компании што работат на рускиот пазар.

На врвот на листата е францускиот синџир на продавници Auchan, којшто минатата година инкасираше приходи во висина од 5,14 милијарди долари. Зад него е автомобилскиот бренд Toyota Motors со приходи од 4,9 милијарди долари, додека трета е јапонската Japan Tobacco International со приходи во вредност од 4,76 милијарди долари.

Во првите 10 влегуваат и: Philip Morris International (4,6 милијарди долари), Volkswagen Group (4,5 милијарди долари), Leroy Merlin (4,3 милијарди долари), PepsiCo (3,8 милијарди долари), Kia Motors (3,6 милијарди долари), Ikea (3,4 милијарди долари) и Metro Group (3,4 милијарди долари).

Вкупниот приход на 50-те компании од листата, остварени на рускиот пазар во текот на минатата година е зголемен за 10,2% на 90,9 милиони евра.

Фото: Pixabay