ForbiddenX – рачен часовник направен од листови тутун

54

Hublot-Forbidden-X-Launch-600x400Швајцарската компанија за луксузни часовници Hublot во соработка со производителот на пури Arturo Fuente го креираше Classic Fusion ForbiddenX, рачен часовник чиј бројчаник е изработен од листови тутун.

Откако соработуваа на луксузниот King Power во 2012, Hublot и Arturo Fuente решија повторно да ги здружат силите и да произведат уште еден оригинален рачен часовник.

Бројчаникот на Classic Fusion ForbiddenX е направен со истиот доминикански тутун што се користи во истоимените пури.

Classic-Fusion-ForbiddenX-by-Hublot-600x400

Освен овој уникатен детал, часовникот има дијаметар од 45 милиметри и систем за рачно навивање.

Hublot дизајнираше четири верзии на Classic Fusion ForbiddenX, титаниум, црна керамика, King Gold и една ултра луксузна верзија со tourbillon механизам.

Поради својата ексклузивност, произведени се само неколку стотини вакви часовници.