Binance, најголемата светска берза за криптовалути, се одлучила за стратешка инвестиција од 200 милиони долари во Форбс, 104-годишен магазин и дигитален издавач, дознава CNBC.
Средствата ќе му помогнат на Форбс да го спроведе планираното излегување на берзата во првиот квартал преку спојување со компанија со посебна намена за аквизиции, или SPAC, која кортира на пазарот, изјавија за американските медиуми извори запознаени со договорот.
Binance ќе преземе од институционалните инвеститори половина од обврските од 400 милиони долари, најавени од Форбс во август, рекоа извори на CNBC, кои не сакаа да бидат именувани пред да биде објавена трансакцијата.
Тоа ќе го направи Binance еден од двајцата најголеми сопственици на Форбс
Крипто фирмата, исто така, ќе добие двајца директори од вкупно девет места во одборот.
Овој потег го покажува растечкото влијание на крипто секторот во реалниот свет, кој забележа зголемување на вредноста и создаде нова класа милијардери во услови на глобален интерес за дигитални средства.
Иако крипто компаниите излегоа во јавност, ги ставија своите имиња на спортските арени, ова е првата голема инвестиција на традиционалниот сектор во сопственост на медиумите во САД.
Во 2014 година, издавачката куќа продаде 95 отсто од акциите во Integrated Whale Media, со седиште во Хонг Конг, за 475 милиони долари.











