Форбс ја објави листата на најмоќни жени

На листата на 100 најмоќни жени во 2025 година од американското списание „Форбс“, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е на првото место.

На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на третото е премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, која е и првата жена на таа позиција.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони е на четвртото место, а мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум е на петтото место. Меѓу првите 10 се извршната директорка на „Џенерал моторс“ Марија Бара и извршната директорка на технолошката компанија „Сити“ Џејн Фрејзер.

Списанието ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на компанијата „Мајкрософт“ Ејми Худ, генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на компанијата „Спејс Екс“ Гвин Шотвел во 100-те најмоќни жени. Исто така, тука се и поп-пејачката Тејлор Свифт, министерката за финансии и корпоративни работи на Индија, Нирмау Ситараман…

На листата се наоѓаат и хероините од анимираната серија, копродуцирана од Netflix и Sony, KPop Demon Hunters. Серијата е прегледана повеќе од 325 милиони пати до декември и е најпопуларниот производ на стриминг платформата.

Листата, која се објавува по 22-ри пат, е направена врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. На листата се вклучени жени од областите на политиката, финансиите, медиумите, забавата, претприемништвото, како и 17 имиња кои претходно не биле таму.