Форбс објави листа на најплатените спортисти

62

Лионел Меси, ѕвездата на ПСЖ и на аргентинската репрезентација е најплатен спортист во изминатите 12 месеци со заработка од 125 милиони евра, објави американскиот магазин Форбс.

Десетте спортисти со најголема заработка во тој период заедно се приближија до бројката од милијарда евра.

На второто место на листата е Леброн Џејмс со заработка од 116 милиони евра. Лос Анџелес Лејкерс за својата ѕвезда издвои 40 милиони евра, додека тој надвор од паркетот заработи 76 милиони. Заедно со Меси и Џејмс, единствениот спортист кој ја надмина границата од 100 милиони евра во ова издание на листата на Форбс е Кристијано Роналдо (110 милиони евра).