Форбс објави листа на „Пет потценети градови за посета на Балканот“: Еден град од Македонија

615

Американскиот бизнис магазин Форбс објави листа на „Пет потценети градови кои треба да се посетат на Балканот“, на која покрај Варна во Бугарија, Берат во Албанија, Ниш во Србија и Добој во Босна и Херцеговина се најде и Охрид.

Форбс наведува дека Балканскиот Полуостров е совршен за долг одмор поради неговите живописни плажи, високите планини, низата антички знаменитости за истражување, но и поради тоа што делови од регионот во голема мера се надвор од радарот за меѓународните туристи.

„Сместен во југозападниот тек на Северна Македонија, Охрид е една од ретките дестинации на земјата што служи и како културно и природно место на светското наследство на УНЕСКО“ пишува Форбс.  Понатаму во текстот нотира за високата концентрација на вековни цркви во византиски стил, и распространетото Охридско Езеро со разновидна низа на ендемски балкански риби и растенија пронајдени во неговите води. Иако културното наследство на Охрид е секако фасцинантно, оние што се во потрага по мирно бегство во дивината треба да поминат време во истражување на блискиот национален парк Галичица, прекрасен резерват кој е преполн со домашни балкански птици, наведува Форбс.