Ford го претстави долгоочекуваниот Mustang Mach-E

41

По многубројните тизери, Ford конечно го претстави долгоочекуваниот кросовер, базиран на легендарното купе.

Покрај очигледниот стил инспириран од спортското купе, Mach-E претставува прилично стилски кросовер со агресивен преден дел, целосно затворена решетка, опкружена со тенки LED единици за осветлување и спортски браник.

Движејќи се кон задниот дел, кросоверот се карактеризира со кровна линија којашто потсеќа на купе модел и нежно заоблени површини.

Задниот крај се одликува со светлосни уреди инспирирани од Mustang, црн спојлер поставен на задната врата, како и црн долен браник. Надворешноста речиси во целост може да каже дека е инспирирана од Mustang, сепак ентериерот повеќе наликува на оној кај Explorer.

Повеќе прочитајте на Avtoplus.mk