Ford го произведе 7 милионитиот Transit

25

2006 Ford Transit. (04/25/2006)

Компанијата Ford објави дека е произведен седум милионитиот Transit, популарно комерцијално комбе кое за прв пат беше лансирано во 1965 година во Европа, а сега е проширено на 118 пазари.

Ова беше соопштено на официјалното отворање на новата фабрика за Transit во Нанчанг, Кина, на кое присуствуваше претседателот и генерален менаџер на Ford, Алан Мулали.

Transit првпат почна да се произведува надвор од границите на Европа во 1997 година, со новите објекти во Нанчанг, Кина и Хаи Дуонг, Виетнам. Новата Jiangling Xiaolan фабрика го дуплира годишниот производствен капацитет на комерцијални возила JMC од 245.000 единици на 545.000 единици. Компанијата JMC која го произведува Transit за кинескиот пазар е 30% сопственост на Ford.

Производството и продажбата на Transit ќе доживее експанзија кон средината на 2014 година, кога за прв пат ќе влезе на северноамериканскот пазар. Северноамериканскиот Transit ќе се произведува во Канзас.

Во Европа, 2-тонскиот Transit и 1-тонски Transit Custom ќе се трансформираат во проширен опсег на сите четири нови модели на Transit кои ќе одат во продажба од средината на 2014. Ова го вклучува новиот Transit Connect кој нуди носивост од 550-1000 килограми и компактниот нов Transti Courier со максимална носивост од 660 килограми.

Сите нови 2-тонски Ford Transit закажани за лансирање пролетта 2014 ќе воведат ново ниво на способност и флексибилност на средниот комерцијален пазар на комбиња, со сеопфатен спектар на каросерии кои ќе обезбедат да бидат водечки во класата од аспект на способноста за пренесување на товар, со исклучителна издржливост.