Фабриката на Ford во Валенсија, Шпанија од неодамна “вработи“ робот којшто врши испораки и други едноставни задачи.
Неговото име е Survival и користи LiDAR (light detection and ranging) технологија за да ја визуелизира околината околу него и да ги достави деловите што недостасуваат во фабриката.
Креиран е од инженерите на американскиот производител на автомобили и е прв од ваков тип што се користи во фабрика на Ford на европскиот континент.
Според компанијата Survival им заштедува и до 40 часови на вработените во фабриката, за тие да можат да се фокусираат на посложени задачи.
Фото Facebook