Ford инсталира нови 190 роботи во фабриката во Романија

51

Американскиот производител на автомобили, Ford, ќе постави нови 190 роботи во фабриката во романскиот град Крајова за производство на новиот модел на EcoSport SUV, пишува Romania Insider.

Се очекува производството на овој модел на автомобил да започне оваа есен. Според претставници на Ford, веќе се направени потребните промени на производните линии во фабриката во овој романски град.

Во одделот, каде што се изработуваат каросерии за автомобили, во овој момент има 320 роботи што го поддржуваат производството на моделот B-MAX на коишто ќе бидат додадени уште 190 нови роботи. Во фабриката на Ford во Крајова, од моделот B-MAX се произведува по еден автомобил на секои 100 секунди.

Компанијата планира да вработи околу 900 луѓе за производство на моделот EcoSport. Досега Ford во фабриката во Романија инвестираше над една милијарда евра.