Форд ја повлекува одлуката: И по 2030 година би можеле да продаваат бензинци и дизелаши во Европа

Идејата на мудрите глави во Форд беше да се стави крај на производството на бензински и дизел автомобили во Европа до 2030 година. Но, како што знаете, продажбата на електрични автомобили моментално не е на задоволително ниво, па затоа е време да се сменат плановите. Во 2021 година, Форд ја објави својата цел да продава само електрични автомобили во Европа до крајот на деценијата. Тоа е пет години пред планот на Европската унија да дозволи само автомобили со нула емисија да се продаваат по 2035 година, како дел од нејзината стратегија за намалување на емисиите на CO2, пишува Ревија Хак.

Форд сега вели дека можеби ќе продолжи да продава автомобили со мотори со внатрешно согорување и по 2030 година, доколку клиентите ги сакаат. Ова особено се однесува на хибридите и plug-in хибридите. Побарувачката за електрични автомобили е помека отколку што првично планираше Форд, а компанијата не ги исполнува своите амбициозни цели.

– Треба само да се движиме по патот до 100 проценти електрични погони – рече Мартин Сандер, шеф на секторот за патнички автомобили на Форд во Европа во вторникот за самитот „Фајненшл тајмс за иднината на автомобилите“.

Форд ја заврши инвестицијата од две милијарди долари за да ја претвори својата фабрика во Келн, Германија за производство на електрични возила базирани на платформата MEB на групацијата Фолксваген. Ќе започне сериско производство на електричниот компактен теренец Explorer во јуни во Келн и ќе воведе второ возило на платформата MEB, исто така во јуни. Подоцна оваа година, Ford ќе ја претстави и Puma Gen-E, електрична верзија на својот најпродаван мал SUV изграден во Крајова, Романија. Производителот на автомобили, исто така, започна со продажба на електрични верзии на комбето Transit Custom во Турција и покрај побавниот раст на пазарот за електрични возила. Да потсетиме, Ford повеќе не ја произведува Fiesta, а од следната година и Focus ќе влезе во историјата. Можеби таа стратегија не беше баш полн погодок.