Ford ќе користи роботи за достава на пакети

165

Во блиска иднина пакетите на домашна адреса може да ги доставуваат роботи кои се движат како луѓе. Меѓу првите кои имаат намера своите доставувачи да ги заменат со роботи е компанијата Ford.

Најнапредниот робот којшто се движи како човек го разви компанијата Agility Robotics минатата година. Станува збор за моделот Digit кој има нозе, труп и раце.

Од Agility Robotics предвидуваат дека токму нивните роботи се иднина за многу компании. Ford е првиот купувач на Digit моделот. Американскиот производител на автомобили планира да ги искористи овие роботи зa достава, пренесува Business Insider.

Истражувачите сега работат на подобрување на комуникацијата помеѓу Ford и Digit. Додавањето раце на овој модел на роботи е големо подобрување со оглед дека роботот сега може да се програмира за да носи работи, да ги турка вратите, да стане кога ќе падне, да дигне товар до 20 килограми…

Agility Robotics кон крајот на оваа година планира да почне со испорака на човеколики роботи по цена од шест цифри, а Ford е еден од првите купувачи.

Фото: Agility Robotics