Ford ќе вложи 11 милијарди долари во електрични возила до 2022 година

22

ford-2691853_960_720

Фото: Pixabay

Американскиот производител на автомобили Ford ќе вложи 11 милијарди долари во електрични автомобили до 2022 година. Ова е повеќе од двојно од претходно планираната сума од 4,5 милијарди, пишува BBC.

Според претседателот Бил Форд, компанијата ќе има 40 хибридни и целосно електрични возила до 2022 година. Ford се приклучува на General Motors, Toyota и Volkswagen коишто веќе ги најавија своите планови за производство на електрични возила.

Фокусот на компанијата ќе биде да се електрифицираат постоечките модели на автомобили, но не се прецизира кои ќе бидат тие. Според Форд, производителот ќе има 16 целосно електрични возила и 24 хибридни во следните пет години.