Ford најде решение против кражба на автомобилски тркала

57

Инженерите на Ford излегоа со прилично интересно решение за да ги спречат крадците да крадат тркала од автомобили.

Тие дизајнираa специјални навртки за заклучување на тркалата кои се уникатни за секој корисник, а овие навртки, како и клучот за да ги отклучите, се засноваат на гласот на сопственикот на автомобилот и испечатени преку 3Д-печатач.

Навртката и клучот се испринтани од не‘рѓосувачки челик во еден дел и потоа се издвојуваат, што спречува да се копира и клонира клучот, којшто е достапен само за сопственикот на возилото.

Фото: Printscreen Youtube