Ford остана без чипови, го прекина производството на Mustang

84

Компанијата Ford Motor објави дека поради недостаток на полупроводнички чипови, ќе го прекине производството следната недела во својата фабрика во Флет Рок, каде што ги склопува автомобилите Мустанг.
Форд, вториот по големина производител на автомобили во САД, претходно објави дека планира да го прекине производството во таа фабрика за два дена оваа недела, пренесува Ројтерс.

Порталот Automotive News претходно објави дека производството во таа фабрика е намалено.

Од Форд изјавија дека произвеле околу 53.000 возила, но дека не ги испорачале бидејќи ги чекаат завршните делови кои доцнат поради недостиг на чипови.