Ford по 91 година ги затвора фабриките во Австралија

22

ford-motor-company

Американската автомобилска компанија Ford, по 91 година работа во Австралија, ги затвора фабриките во Мелбурн и Џилонг, пишува Sydney Morning Herald.

Последните 10 Falcon XR 6 автомобили беа произведени минатата недела, а поради затворање на производните капацитети без работа остануваат околу 600 луѓе. Овие вработени ќе добијат отпремнина во висина од по околу 150.000 долари.

“Некои од нив ќе се пензионираат, други ќе се преквалификуваат, додека некои ќе бидат препорачани на друго место. Ние препорачавме повеќе 160 наши досегашни работници. Некој од нив планира да биде свештеник, а некој инструктор по нуркање. Забележавме мошне интересни промени во кариерата“, вели Греам Викман, претседател на Ford за Австралија.

Во Ford во Австралија ќе продолжат да работат околу 1.500 лица вработените во секторите за развој, инженеринг и дизајн на автомобилската компанија.