Ултра – ефикасниот и моќен 1.0 – литарски EcoBoost бензински мотор на Ford е прогласен за меѓународен мотор на годината за 2013 година. Моторот победи во категоријата “Најдобар мотор под 1.0 литар“ на овогодишното доделување на наградите презентирани од магазинот “International Magazine Engine Technology“. Моторот на Ford со три цилиндри оваа награда ја освојува втора година по ред.
Панел од 87 новинари од автомобилскиот сектор од 35 земји низ светот оценуваа и доделуваа награди за возливост, изведба, економичност, подобрување и успешна примена на напредна технологија за моторот. Ford е еден од трите автомобилски производители кои бележат повратни победи во 15- годишната историја на доделувањето на наградите.
1.0 – литарски EcoBoost мотор кој комбинира директно вбризгување на гориво, турбо – полнач и варијабилно темпирање на вентилите со цел да се намали потрошувачката на гориво без да ја намали моќта, ја доби највисоката оценка во историјата на доделувањето на наградите за Меѓународен мотор на годината.
Од Ford потврдија дека планираат да го удвојат производството на моторот во својата фабрика за мотори во Kелн, Германија и тоа на повеќе од 1.000 мотори дневно од средината на август за да се задоволи побарувачката.
1.0-литарскиот EcoBoost е дизајниран во центрите за истражување и развој во Ахен и Меркених во Германија и Дунтн во Велика Британија, а е конструиран во Келн, Германија и Крајова, Романија.
1.0-литарскиот EcoBoost мотор во моментот се нуди за малите автомобили како што се Fiesta и B-MAX како и понуди на компакт за Focus, C-MAX и Grand C-MAX. Во блиска иднина овој мотор ќе им даде моќ и на поголемите автомобили вклучувајќи го и новото Ford Mondeo. Исто така, ќе се понуди и за комерцијалните возила Transit Connect и Transit Courier и за возилата за превоз на лица Tourneo Connect и Tourneo Courier.
Ford од Европа планира трипати да го зголеми годишното производство на возила опремени со EcoBoost бензински мотори.