Форд подготвува 25 нови модели за европскиот пазар

42

ford-logo_Форд на европскиот пазар во следните пет години ќе лансира 25 нови модели. Претседателот на европската филијала на Форд, Стивен Одел, изјави дека првичната листа од 15 нови модели е дополнета со уште 10. Се работи за потполно нови модели и нови генерации на веќе постоечките, а никако за варијанти, пишува Autonews.

Одел ја потврди определбата на Форд да го зголеми профитот до 2015 година. Клучно во напорите да се постигне целта е да се намалат 18% од производните капацитети и додавање на нови производи.

Според шефицата на развојниот сектор на европски Форд, Барб Самарџиќ, компанијата сака да се најде во што подобра позиција на пазарот кога Европа ќе се опорави од влијанието на економската криза.

Истата тактика компанијата ја примени во 2008 – 2009 година во САД.