
Американската автомобилска компанија Форд проценува дека поради штрајкот на работниците загубила вкупно 1,3 милијарди долари, бидејќи за време на прекинот на работата не биле произведени околу 80.000 возила.
Форд проценува загуба од 1,3 милијарди долари од штрајкот што започна во средината на септември и заврши во средата со начелен договор со синдикатот што ќе дозволи фабриките повторно да се отворат, изјави во четвртокот главниот финансиски директор на компанијата, Џон Лолер.
Без да даде детали за содржината на договорот, Лолер рече дека ќе ги зголеми трошоците за производство од 850 на 900 долари по возило, пренесе Танјуг.











