Форд повлече 89.000 возила

17

Автомобилскиот гигант Форд повлече 89.000 возила во САД и Канада поради загриженост дека моторите можат да предизвикаат пожар. Од компанијата велат дека доброволно ги повлекуваат моделите 2013 Escape и 2013 Fusion опремени со 1,6 литарски мотор поради извештаи за прегревање на моторот, што може да резултира со појава на пожор кај моторот додека е во движење. Досега нема податоци за повредени. Проблеми има само кај овие модели со овој тип на мотор. Другите модели Escape и  Fusion немаат проблеми.

Од Форд проценуваат дека во прашање се 73.320 Escape и 15.833 Fusion автомобили кои се произведени и дистрибуирани за продажба во САД и Канада, но главно на пазарите во САД.

“Работиме на отстранување на проблемот”, велат од Форд.

Во јули оваа компанија повлече 11.500 автомобили модел Escape SUV од Северна Америка со истиот мотор, поради истите сомневања.