Ford тестира 3D печатени делови за автомобили

46

ford-3d-ford

Фото: Ford

Американскиот производител на автомобили, Ford прави тестирање на 3D печатени делови, пишува Tech Crunch. Деловите, што се тестираат, се печатени со помош на комерцијалниот принтер на компанијата Stratasys.

Резултатите од пилот – проектот треба да покажат дали Ford ќе може да направи големи делови или компоненти и колку ќе чини тоа.

Ford проценува дека 3D испечатен спојлер може да тежи двојно помалку од спојлерот што е направен од метал. На тој начин, деловите ќе бидат и поевтини, еколошки и ќе ја намалат потрошувачката на гориво.