Forearm forklift  – ремени за пренесување на тешки предмети

75

foreamforklift

Фото: Facebook

Forearm forklift се ремени коишто го олеснуваат подигнувањето и транспортот на тешки и гломазни предмети.

Патентираните ремени се поставуваат на рацете на двајца корисници кои ќе го носат предметот. Имаат носивост од над 300 килограми, а со нив може да се пренесуваат различни парчиња мебел, апарати за домаќинство и слично.

На овој начин, луѓето со поголема леснотија ќе може да ги преместуваат тешките предмети, без да се плашат од повреди поради големата тежина што треба да ја подигнат.

Ремените се изработени од висококвалитетни материјали, лесни се за поставување и нивната цена се движи од 19,99 до 29,99 долари.