Формиран Центар за вработување лица со хендикеп

25

znak

Фото: Pixabay

Лицата со хендикеп полесно и поинтензивно да се вклучат во отворениот пазар на труд, а компаниите да создадат соодветни услови и адекватна работна средина за нив, е целта на проектот што со поддршка на ИПА заеднички го спроведуваат Полио Плус и Стопанската комора на Македонија, јавува Миа.

Во рамки на проектот е формиран Центар за вработување лица со хендикеп и паралелно течат обуки, не само за оваа категорија граѓани, туку и за фирмите.

Според Елена Кочоска од Полио Плус, Центарот е своевиден мост кој практично треба да ги поврзе лицата со хендикеп и бизнис заедницата. Лицата со хендикеп се одлични работници, но сè уште не им е овозможено да го покажат тоа.

“Засега околу 2.000 лица со хендикеп работат во заштитни фирми, додека 290 се во јавната администрација, што е многу мала бројка”, посочи Кочоска.

Томислав Ортаковски од Полио Плус укажа на тоа дека во овој сегмент мора да работат и компаниите, да ја прилагодат работната средина и да овозможат еднакво чувство на овие лица со останатите вработени.