„Фортенова група“ стана единствен сопственик на „Меркатор“

145

Во петок, 1 април 2022 година, „Фортенова група“ ги стекна сите преостанати акции на „Меркатор“ и стана 100% сопственик на „Меркатор“. Со трансферот на вкупно 621.251 акција на групацијата, завршена е процедурата за исклучување на малцинските акционери од сопственоста на „Меркатор“, а „Фортенова“ станува единствен акционер на „Меркатор“, соопштија од компанијата.

Со оваа последна трансакција го завршивме процесот на купување, кој всушност започна во 2014 година, а тоа што овој последен чекор беше направен на тригодишнината од формирањето на „Фортенова Групацијата“ е посебен симбол за нас. Тоа беше долг и тежок процес, со многу правни и финансиски посредни чекори кои сите доведоа до истата цел – формирање на водечки регионален малопродажен синџир на стоки за широка потрошувачка во регионот.

Во изминатата година, од формалниот трансфер на „Меркатор“ во „Фортенова“, го завршивме процесот на исклучување на малите акционери, но уште поважно, почнавме да го реализираме целосниот потенцијал на нашиот бизнис модел на малопродажба, постигнувајќи значителни деловни синергии, реинвестирање назад во Групацијата“ – изјави Фабрис Перушко, член на Одборот на директори и главен извршен директор на „Фортенова Груп“ по повод стекнувањето на 100 отсто од акциите во „Меркатор“.