Fortnite само оваа година зеде 5,1 милијарди долари од играчите

18

Најпопуларната онлајн игра во светот годинава заработи 5,1 милијарди долари од околу 300 милиони корисници кои трошат во просек по околу 17 долари по игра.

Pokemon Go остана на второто место со 1,2 милијарди долари кои ги заработи од околу 166 милиони играчи, додека поранешниот владетел Candy Crush е на третото место со 1,19 милијарди долари од 273 милиони корисници (околу 4 долари по корисник).

И додека Fortnite доживува голем успех, неговиот сопственик Epic Games веќе некое време е вплеткан во правен спор со Apple околу правилата за плаќање во нивната продавница. Fortnite беше исфрлен од дигиталната продавница затоа што ги насочуваше клиентите кон нивниот шопинг сајт, кој практично го заобиколи Apple, кој зема од 15 до 30 проценти од сите купувања во продавницата.