Имотот Недојдија на познатиот пејач Мајкл Џексон, наскоро ќе се појави на пазарот за недвижности. Недојдија се наоѓа во Калифорнија и се протега на 2.800 хектари. Приватната инвестициска фирма Colony Capital во 2008 година го купи за 23,5 милиони долари и откако го реставрираше и реновираше планот е имотот на починатиот пејач да се најде на продажба. Експертите за недвижности велат дека Недојдија би можела да достигне цена до 50 милиони долари.
Мајкл Џексон го купил имотот во 1988 година и на него има 22 објекти, вклучувајќи апартмани и кино сала.
Погледнете како изгледа Недојдија низ фотографиите на фоторепортер на Associated Press од 2009 година, што ги објави Business Insider.