Фото: Редизајниран хангар од 1943 година ќе биде нова канцеларија на Google

30

Архитектонското студио ZGF трансформираше хангар стар повеќе од 70 години во модерни канцеларии за својот нов клиент Google. Хангарот наречен Spruce Goose се наоѓа во Плаја Виста, Калифорнија и е еден вид на обележје на градот.

Дрвената седум катница долга 228 метри, беше претворена во модерни канцеларии по што се доби таканаречена “зграда во зграда“ конструкција за нова цел.

Хангарот, којшто датира од 1943 година, бил изграден од Хауард Хјуз за конструкција на авионот Hercules IV или Spruce Goose.

Со редизајнирањe, објектот ќе има канцеларии, соба за состаноци, простор за одржување на настани, ресторан и место за релаксирање на вработените.

Фото: ZGF