Фото: Уметнички дела од стари душеци

69

Eat-Me-by-Lor-K-9Француската уметница Lor-K на еден интересен начин ги оживува старите фрлени душеци низ улиците на Париз, пишува Fast Codesign. Таа од нив преку сечење и лепење и креативна замисла создава разни видови на “храна”, од пици и слатки, до суши и ладни сендвичи.

Овие меки скулптури коишто се дел од серијата Eat Me – Изеди ме, се расфрлани низ париските улици и со својот оригинален изглед ги мамат минувачите да погледнат одблизу.

Уметницата патува низ Париз и во зависност од локацијата се инспирира за својата следна “вкусна” скулптура. За да создаде едно вакво ремек дело потребни и се околу шест часа.

За неа колку и да е валкан отпадот, истиот го рефлектира нашиот начин на живот, конкретно животот во градот на светлината. Целта и е на еден невообичаен начин да им се привлече вниманието на луѓето за отпадот што секојдневно го има по улиците на Париз.

Eat-Me-by-Lor-K-1-1020x610Eat-Me-by-Lor-K-2-1020x610Eat-Me-by-Lor-K-11-1020x610Eat-Me-by-Lor-K-6-1020x610lork-food-giant-sculpture-matelas-encombrant-nouvel-art-urbain-street-1_1LORK-EAT-ME-CROQUE-MADAMEEat-Me-by-Lor-K-3-1020x610eat-me-lork-sculpture-objet-dechet-aliment-geant-street-art-7_1lork-food-giant-sculpture-matelas-encombrant-nouvel-art-urbain-street-5_1Eat-Me-by-Lor-K-10