(Фото/Видео) Римац го претстави новото Bugatti: „Дами и господа, Tourbillon“

47

Мате Римац го претстави новиот Bugatti Tourbillon, наследникот на моделот Chiron и воедно првиот Bugatti развиен целосно под „палката“ на Римац.

Цената на овој модел е 3,8 милиони евра (за основната верзија), а според Римац, речиси сите 250 планирани примероци се веќе продадени.

„Ние бевме инспирирани од легендите во светот на автомобилизмот: Type 57SC Atlantic, најубавиот автомобил во светот, Type 35, најуспешен тркачки автомобил, како и Type 41 Royale, еден од најамбициозните луксузни автомобили на сите времиња. “, рече Римац на официјалната презентација.

„ Tourbillon е уникатен. Исто како и гореспоменатите легенди од минатото, тој не е направен само за сегашноста, дури ни за иднината – тој е направен за вечноста“, додаде Римац.