Тајванската компанија Foxconn предвидува раст на приходите за 15% во второто тримесечје по зголемената побарувачка за уреди како што е iPhone, којшто Foxconn го составува за Apple.
Оптимистичките прогнози на најголемиот светски производител на електроника го одразува силниот раст на добивката во првото тримесечје и раст на приходите од 45% иако компанијата беше принудена да го намали производството на iPhone во Индија поради пандемијата.
Покрај тоа, тука е и прогнозата на Apple, што во април укажа дека очекува приходите да имаат двоцифрен раст до крајот на јуни.
Приходите на Foxconn од електроника, вклучувајќи паметни телефони и уреди за носење, во првото тримесечје се зголемија за повеќе од 15% во споредба со истиот период лани, а исто толкав раст имаа и приходите од компјутери,
Foxconn го составува iPhone во фабрики во Кина и Индија.
Фото: Pexels