Foxconn размислува за изградба на огромна фабрика за микрочипови во Саудиска Арабија

31

Тајванскиот производител на електроника Hon Hai Precision Industry Co. (Foxconn Technology) е во преговори за изградба на огромна фабрика во Саудиска Арабија која ќе произведува микрочипови, делови за електрични возила и друга електроника. Ова го објави Dow Jones, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Според нив, инвестицијата во фабриката ќе изнесува околу 9 милијарди долари.

Преговорите за инвестицијата почнаа минатата година.

Саудиските власти спроведуваат процес на длабинска анализа и оценуваат слични проекти на Foxconn во други земји.

Од своја страна, тајванската компанија очекува да добие одредени преференции, вклучително и во областа на финансирањето, даночните празници, како и субвенциите за снабдување со електрична енергија и вода.

Освен во Саудиска Арабија, Foxconn Technology ја разгледува можноста и за лоцирање на своите производствени капацитети во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопштија информирани извори.