ФПИОМ: Пензионерите до 21 август да кажат преку која банка да добиваат пензија

138

Фондот за пензиско и инвалидско осугурвање ги известува сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21.08.2020 година да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.

Банките, по службена должност ќе извршат дојава до Фондот на ПИОСМ за трансакциските сметки на кои Фондот ќе треба да изврши исплата на пензиите, поради што корисниците на пензија не треба да доаѓаат во Фондот.

На корисниците на пензија кои од разни причини не се во можност до 21.08.2020 година да ја извршат  дојавата во банката каде би сакале да се врши натамошна исплата на пензиите, исплатата на пензиите ќе се изврши дополнително.

Фото: Freepik