
Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 12.7 %
Во трговијата на мало во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 18.9 %, а реално за 12.7 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.6 %, а реално за 8.2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за 11.2 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 0.1 %, а номинално е зголемена за 14.6 %.
Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 18.9 %, а реално за
12.7 % - Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за
11.2 %











