Fragrance By Me – платформа за креирање парфем по сопствена желба

32

fragrance by me

Fragrance By Me претставува интернет платформа којашто на корисниците ќе им овозможи да креираат сопствен парфем, пишува Стартит.рс.

Зад овој старт – ап стојат Оути Ортиз, интернет претприемач од Финска, која има долгогодишно искуство во развој на софтвер и е – трговија, и Урош Бркиќ кој има искуство во развој на бизниси и претприемништво.

Корисникот на Fragrance By Me може да го креира својот парфем од самиот почеток, преку дизајн на шишенце со сопствен бренд, до комбинирање на мирисни ноти. На крајот, направената комбинација корисникот ќе ја добие на домашна адреса.

“Нашиот сон и желба е Fragrance By Me да стане заштитен знак прво на жените, а потоа и на мажите кои сакаат да мирисаат посебно. Просечен корисник од западните земји поседува околу пет парфеми, што е фасцинантна бројка. Нашата цел е барем еден од тие парфеми да биде од нашата платформа“, вели Ортиз.

Ќе имаат, како што велат, различен број и вид на шишенца, но парфемите ќе ги произведуваат во соработка со компании коишто имаат долгогодишно искуство и на тој начин ќе го гарантираат квалитетот.

“Ќе почнеме да го контактираме првиот бран корисници за кои сакаме да бидат дел од нашата ексклузивна група. Потоа, се надевам ќе почнеме да работиме со полна пареа“, додава Ортиз.

Наскоро се очекува лансирање на платформата, што ќе биде за ограничен број на корисници. Пазарот на којшто ќе се фокусираат на почетокот е Северна Америка и можеби западна Европа.