Франција дава државјанство на странци кои во земјата се борат со пандемијата

18

Стотина имигранти во Франција, кои работат во првите борбени редови против коронавирусот, како признание за својот придонес ќе добијат државјанство по забрзана постапка, пренесува ВВС.

Министерството за внатрешни работи на Франција ги повика странците кои помагаат во борбата против пандемијата да се пријават за постапка за забрзано добивање на државјанство.

Тие во различни делови од светот се многу повеќе изложени на заразата, особено оние кои работат како лекари и медицински сестри.

Франција е меѓу 10-те најпогодени земји со пандемијата, со повеќе од 2,5 милиони заразени и 62.000 смртни случаи.

Иницијативата за добивање државјанство по кратка постапка за првпат е објавена во септември оваа година. Оттогаш француски пасош добиле 74 лица, а 693 се во завршна фаза, додека пријавени се вкупно 2.890 лица.

Фото: Freepik