Франција ги забранува мобилните телефони во училиштата

18

Фото: Pixabay

На децата во Франција нема да им биде дозволено да ги носат своите телефони во училниците од септември наредната година. Учениците ќе може да ги носат телефоните во училиштето, но ќе треба да бидат заклучени до завршување на часовите. Оваа забрана ќе важи за деца од шест до 15 годишна возраст, односно до запишување во средно училиште, пишува Guardian.

Францускиот министер за образование Жан Мишел Бланкер вели дека некои образовни установи веќе им забраниле на учениците да користат мобилни телефони.

“Понекогаш треба мобилен телефон за наставни причини, за итни ситуации, но нивната употреба мора да се контролира“, вели Бланкер.

Освен обидот да се минимизира одвлекувањето на вниманието, француската влада вели дека забраната испраќа порака за јавно здравје бидејќи децата не треба да трошат многу време пред екранот.