Франција и Белгија не го поддржуваат планот на ЕУ да престане да купува руски гас до 2027 година

Франција и Белгија, најголемите купувачи на руски течен природен гас во Европската Унија, не го поддржуваат планот на ЕУ целосно да престане да купува руски гас до 2027 година и бараат дополнителни гаранции за економските и правните последици од потегот пред да донесат одлука.

Франција изјави дека претпочита стратегија за барање алтернативни снабдувања, додека Белгија сака извештај во кој ќе бидат детално опишани економските последици од прекинот на купувањето руски гас, објавува „Политико“.

Она што го браниме е европска стратегија за диверзификација која веќе е „на маса“, изјави францускиот министер за енергетика Марк Фераси, осврнувајќи се на планот на владата во Париз да ги замени резервите на руски гас со производи од Катар.